Duke ngarkuar...

Маркетинг референт

Жито Маркети

/job-details/7450

Veles, Vardar
full_time
Publikuar 64 dite me pare
Kjo shpallje nuk pranon më aplikime. Nuk ka shpallje që përputhen saktësisht me këtë URL. Shiko punët aktive.
ДПТУ Жито ДООЕЛ Велес објавува интерен оглас за позицијата
**Маркетинг Референт**
, наменет за сите вработени кои имаат желба за професионален развој, напредување и вклучување во работата на Секторот за маркетинг.

Позицијата е погодна за лица кои се организирани, комуникативни, одговорни и имаат интерес за учество во планирање, координација и реализација на промотивни активности, акции и продажни кампањи во маркетите.

**Главни работни задачи:**

- Учество во планирање, организација и реализација на акции, промоции и продажни кампањи;
- Координација со маркетинг тимот и сите останати сектори за навремена реализација на промотивните активности;
- Подготовка и проверка на содржини за флаери, ценовници, обележувачи, купонски понуди и друг промотивен материјал;
- Координација со графички дизајнер при подготовка на промотивни материјали;
- Следење на дистрибуција и правилна поставеност на промотивните материјали во маркетите;
- Контрола на имплементација на промоциите во маркетите согласно планот и бренд стандардите;
- Следење и анализа на продажни резултати од реализирани акции и промоции;
- Следење и контрола на промотивни продажни позиции во маркетите;
- Управување и ажурирање на списоци и бази на податоци за медиуми;
- Учество во организација на настани кои вклучуваат медиумски кампањи, како што се прес-конференции, промоции или јавни настани;
- Подготовка на извештаи и предлози за унапредување на идните промотивни активности.

**Потребни способности и квалификации:**

- Минимум завршено средно образование;
- Најмалку 1 година работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;
- Познавање на малопродажни процеси и промотивни активности ќе се смета за предност;
- Добри организациски и комуникациски вештини;
- Способност за работа со рокови и повеќе задачи истовремено;
- Аналитички пристап и внимание на детали;
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност;
- Одговорност, доверливост, тимска работа и самоиницијативност.

**Ние нудиме:**

- Локација: Велес
- Можност за кариерен раст и професионален развој
- Обуки и активности за јакнење на тимската синергија
- Обезбеден превоз и топол оброк
- Ваучер за склучен брак
- Пакет за новороденче
- Роденденски подарок
- Пакет производи за големите верски празници
- Роденденски подарок за деца до 5 години

Nuk ka shpallje që përputhen saktësisht me këtë URL.

Shpallje të tjera aktive